👉 Германските бизнисмени очекуваат послаб извоз во следните шест месеци, објави институтот „Ифо“ врз основа на истражувањето спроведено во октомври, кое покажа пад на очекувањата за извоз на -6,7 поени, наспроти -6,5 во септември. 👉 Компаниите во моментов немаат корист од позитивните економски движења во другите земји. Затоа продолжува тешкиот период за извозниците, изјави Клаус Вохрабе, раководител на студијата. 👉 Слабата надворешно-трговска активност е една од причините зошто германската економија е на работ на рецесија. Владата очекува дека бруто домашниот производ годинава ќе се намали за 0,2 отсто. Доколку се оствари прогнозата, тоа ќе биде втора последователна рецесија. Прочитајте тука 👉 https://lnkd.in/dy-pKsrP #fmcg #fmcgvesti #instoremk --------------------------------------------------------------------------- ✔ Следете нè на (Linkedin): InStore - MK https://lnkd.in/dyrUQHv ✔ FMCG портал 👉: www.instore.mk
InStore Makedonija
Book and Periodical Publishing
Centar, Skopje 5,062 followers
Regional B2B trade magazine
About us
INSTORE is a regional trade magazine published in five Balkan countries: Slovenia, Croatia, Bosnia, Serbia and N.Macedonia. It covers the FMCG subjects interesting for the business people in the trade, with lots of interviews, research and analysis, presenting the trends in the FMCG business in the region and in the world. INSTORE team consists of 45 people in 5 offices in 5 countries. You can check our editions on the following web sites: www.instore.mk www.instore.rs www.instore.si www.instore.hr www.instore.ba INSTORE is the organizer of several summits (FMCG Summit, Marketing Summit, CEO Summit) as well as lots of specialized workshops with FMCG topics. Here is a link for the Macedonian FMCG Summit held each year in May and visited by the most successful companies in Macedonia. www.fmcg-summit.mk
- Website
-
http://www.instore.mk
External link for InStore Makedonija
- Industry
- Book and Periodical Publishing
- Company size
- 11-50 employees
- Headquarters
- Centar, Skopje
- Type
- Privately Held
- Founded
- 2008
Locations
-
Primary
Dimitar Berovski 9
Centar, Skopje 1000, MK
Employees at InStore Makedonija
-
Verica Martinovska
Ideas Manager / CEO at Kliker Marketing and InStore magazine
-
Lejla Kurtovic
Freelance Journalist at InStore - trade magazine
-
Enisa Selmanović - Salkić, Assoc CIPD
HR and Business Consultant I Building middle management from scratch I Transforming people, organization and culture I Speaker I Book author I…
-
giusy flammia
Responsabile di settore vendite - trade magazine estetista qualificata...
Updates
-
⌛Последен ден за пријава. ПОБРЗАЈ! 👉https://fmcg-summit.mk/ Голема благодарност до спонзорите и партнерите кои го поддржуваат 𝟏𝟎🛒𝐅𝐌𝐂𝐆 𝐒𝐮𝐦𝐦𝐢𝐭 Info Studio d.o.o. dm drogerie markt Makedonija KAM MARKET- Macedonia Veropoulos DOOEL L.K.A. Group Grand kafa DS Smith Euroimpex Macedonia VIVAKS Vitalia Healthy Food Prilepska Pivarnica AD Tikveš Winery Pivara Skopje AD Nelt Group Badel 1862 Macedonia NLB Banka Skopje Dauti Komerc North Macedonia Kola EVN Macedonia Pakomak BE-DA LOGISTICS
-
👉 „Лидл“ продолжува со своите планови за ширење низ Велика Британија, преку договор за продажба и закуп вреден 70 милиони фунти и планира до Божиќ да отвори десет нови продавници. 👉 Нашиот план да отвориме 10 нови продавници пред Божиќ ја покажува нашата континуирана посветеност да им обезбедиме на повеќе заедници низ земјата пристап до прифатлива, квалитетна храна, како и можности за вработување. Но, ние сè уште имаме големи амбиции за нашите планови за проширување и во иднина да отвориме уште стотици продавници на „Лидл“, изјави Ричард Тејлор, главен директор за развој на „Лидл“ – Велика Британија. Прочитајте тука 👉 https://lnkd.in/dRrH43Bc #fmcg #fmcgvesti #instoremk --------------------------------------------------------------------------- ✔ Следете нè на (Linkedin): InStore - MK https://lnkd.in/dyrUQHv ✔ FMCG портал 👉: www.instore.mk
-
👉 Компанијата „Кока Кола консилејтед“ најави инвестиција од 25 милиони долари во ширењето на производните капацитети во својата фабрика во западен Мемфис. 👉 Оваа инвестиција во нашите партнери и производствените способности ја одразува долгорочната посветеност за подобрување на начинот на кој им служиме на најдобрите светски брендови и на нашите заедници, изјави Стив Фандербурк, потпретседател за производство во компанијата „Кока Кола консолидејтед“. 👉 Како дел од инвестицијата компанијата лансира нова производна линија која ќе придонесе во зголемувањето на производството од 26 на 29 милиони единици годишно. Прочитајте тука 👉 https://lnkd.in/dSKVeE8z #fmcg #fmcgvesti #instoremk --------------------------------------------------------------------------- ✔ Следете нè на (Linkedin): InStore - MK https://lnkd.in/dyrUQHv ✔ FMCG портал 👉: www.instore.mk
-
👉 Компанијата dm drogerie markt Makedonija постигна извонредни деловни резултати во деловната 2023/24 година. Со остварен промет од 3,07 милијарди денари, односно раст од 25,15 отсто, инвестиции во износ од речиси 126 милиони денари во својата продажна мрежа, како и раст на фреквенцијата на пазарување од окoлу 16 отсто, најголемиот дрогериски синџир постигна напредок во сите клучни области и ја зајакна својата позиција на македонскиот пазар. 👉 На ниво на групација – dm Австрија и потконцернски земји од Централна и Источна Европа (без Германија и Полска), компанијата оствари вкупен промет од 5,2 милијарди евра, односно раст од 16,5 % во однос на претходната година, ја прошири својата продажна мрежа на 1.947 дрогерии, а бројот на вработени се искачи на 28.353. Прочитајте тука 👉 https://lnkd.in/ds9xfmmR #fmcg #fmcgvesti #instoremk --------------------------------------------------------------------------- ✔ Следете нè на (Linkedin): InStore - MK https://lnkd.in/dyrUQHv ✔ FMCG портал 👉: www.instore.mk
-
👉 Трговскиот синџир Gomex Trgovina отвори нов маркет во Ниш, во населбата Пантелеј, на адреса Радоја Домановиќ, бб. 👉 Маркетот кој се протега на површина од 198 квадратни метри, нуди широк асортиман на производи, а за услугата на купувачите ќе бидат задолжени седум лица. На купувачите на располагање им е пекарница, со свеж леб и печива, како и богат избор на свежо овошје и зеленчук. Прочитајте тука 👉 https://lnkd.in/dVQYx-hK #fmcg #fmcgvesti #instoremk --------------------------------------------------------------------------- ✔ Следете нè на (Linkedin): InStore - MK https://lnkd.in/dyrUQHv ✔ FMCG портал 👉: www.instore.mk
-
👉 Компанијата „Куриг др. Пепер“ ја соопшти веста дека ќе преземе 60% од уделот во компанијата „Гост“, после што во 2028 година ќе следи и преземање на преостанатите 40%. 👉 Ghost е бренд со значителен потенцијал за раст и возбудени сме што ќе соработуваме со неговите основачите за да го зголемиме работењето на повисоко ниво. Оваа аквизиција ја засилува нашата позиција во атрактивната категорија на енергетски пијалаци, забрзувајќи ја еволуцијата на нашето портфолио за преферираните и растечки потрошувачки сегменти, изјави Тим Кофер, извршен директор на компанијата „Куриг др. Пепер“. Прочитајте тука 👉 https://lnkd.in/deh6cjD6 #fmcg #fmcgvesti #instoremk --------------------------------------------------------------------------- ✔ Следете нè на (Linkedin): InStore - MK https://lnkd.in/dyrUQHv ✔ FMCG портал 👉: www.instore.mk
-
👉 Компаниите Podravka и „Белупо“ како дел од иницијативата „Проект О2“, спроведоа акција за пошумување на Вуковар. 👉 Во „Проектот О2“ се користат беспилотни летала за пошумување, користејќи т.н. „семенски бомби“ (топчиња со семе). Покрај ваквиот начин за засадување, вработените на двете компании учествуваа во традиционалниот начин на пошумување, а во акцијата беше пошумена површина од два хектари. 👉 Нѐ привлече иновативноста на проектот, што е една од нашите темелни вредности. Овој иновативен и одржлив начин на пошумување кој овозможува засадување на шума на недостапни локации, брзо и ефикасно, овозможувајќи да ја достигнеме зацртаната цел да засадиме 100.000 дрвја до 2030 година, изјави Мартина Далиќ, претседателка на управата на „Подравка“. Прочитајте тука 👉 https://lnkd.in/gyX2Z53d #fmcg #fmcgvesti #instoremk --------------------------------------------------------------------------- ✔ Следете нè на (Linkedin): InStore - MK https://lnkd.in/dyrUQHv ✔ FMCG портал 👉: www.instore.mk
-
👉 Според резултатите од извршеното истражување економијата на Исланд расте побрзо од повеќето европски земји по воведувањето на пократка работна недела низ целата земја и без намалување на платите. 👉 Истражувањето на Британскиот институт за автономија и Исландската асоцијација за одржливост и демократија („Алда“) покажа дека минатата година Исланд имаше побрз економски раст од повеќето европски земји и дека неговата стапка на невработеност е една од најниските на Стариот континент. 👉 Оваа студија покажува вистинска успешна приказна - пократкото работно време стана широко распространето, а економијата, според голем број показатели, е силна, вели Гудмундур Д. Харалдсон, истражувач во „Алда“. Прочитајте тука 👉 https://lnkd.in/ds3mqY9d #fmcg #fmcgvesti #instoremk --------------------------------------------------------------------------- ✔ Следете нè на (Linkedin): InStore - MK https://lnkd.in/dyrUQHv ✔ FMCG портал 👉: www.instore.mk
-
👉 Трговскиот синџир KAM MARKET- Macedonia продолжи со проширување на мрежата дисконти. Денес е отворен новиот маркет во ТЦ „Лептокарија“, Карпош 3. 👉 Маркетот е распространет на вкупна површина од 852 м², со над 30 паркинг-места. Од „Кам“ истакнуваат дека новиот маркет има прегледен распоред и богат асортиман на: свежи месни и млечни производи, топли и крцкави печива, печено пиле, богата понуда на овошје и зеленчук, широка палета на хемиски производи и пијалаци. Прочитајте тука 👉 https://lnkd.in/dgvQpC6X #fmcg #fmcgvesti #instoremk --------------------------------------------------------------------------- ✔ Следете нè на (Linkedin): InStore - MK https://lnkd.in/dyrUQHv ✔ FMCG портал 👉: www.instore.mk