🚨 Остануваат уште 2 недели! 🚨04/04/2025 📅 Одбројуваме до почетокот на V-та Меѓународна Контролинг Конференција под покровителство на ICV! 🔍 Тема годинава: „Resource Optimization: How the Rubik's Cube Reflects the Controlling Process “ 📊 Подгответе се за инспиративни предавања, практични решенија, нови перспективи и вмрежување со врвни експерти од контролингот, менаџментот и ИТ секторот! 💡 Не ја пропуштајте шансата да дознаете: ✔ како да го оптимизирате управувањето со ресурси, ✔ како ИТ го трансформира контролингот, ✔ зошто лидерството е клучот за создавање вредност. 🎯 Време е за трансформација во начинот на кој размислуваме за контролингот! 👉 Пријави се на: mitka@controlling.mk / 071 334 845
💡 SAVE THE DATE 04.04.2025 & SIGN UP! V th international controlling conference Контролингот е повеќе од анализа на бројки – тоа е уметност на оптимизацијата и стратешкото управување, процес кој ги усогласува сите делови на една компанија за да функционира како совршено организиран систем. Како што секој дел на Рубиковата коцка мора да се усогласи за да се постигне совршен баланс, така и контролингот бара правилна координација на податоците, ресурсите, лидерството и стратегиите за да се донесуваат најдобрите одлуки. Зошто токму оваа тема? Во динамичниот бизнис свет, менаџерите и контролерите постојано се соочуваат со предизвици во оптимизација на ресурсите, зголемување на ефикасноста и донесување одлуки засновани на податоци. Со растечката улога на вештачката интелигенција, автоматизацијата и новите пристапи во управувањето, традиционалните методи се менуваат, а компаниите мора да бидат флексибилни и адаптивни. Но, покрај аналитиката и податоците, успешното лидерство игра клучна улога во контролингот. Лидерите кои знаат да ги инспирираат своите тимови, да ги користат информациите стратешки и да бидат адаптивни на промените, се оние кои создаваат вистинска вредност. Оваа конференција има за цел да инспирира, да отвори нови перспективи и да покаже како современите контролинг техники и лидерски пристапи можат да се применат за подобро управување со деловните процеси. Со голема благодарност и искрено признание сакаме да им се заблагодариме на нашите спонзори, вашата посветеност, доверба и придонес не само што ни помогнаа во организацијата, туку и дадоа можност за размена на знаења, идеи и иновации кои ќе ја обликуваат иднината на рубиковата коцка. ICV International Association of Controllers PIS Data sense Sparkasse Bank AD Skopje Sparkasse Leasing Doo Skopje Kola ZEGIN Pharmacy и винарија PARAGON со која успешното ќе прославиме 5-то јубилејно издание на конференцијата со сите учесници, предавачи и партнери.