Прејди на содржината

Википедија:Правила за употреба на слики

Од Википедија — слободната енциклопедија
Оваа страница документира официјално начело на македонската Википедија, општоприфатен стандард што сите уредувачи треба да го следат. Ако ја уредувате оваа страница, Ве молиме прво уверете се дека за Вашата промена постои консензус. Ако се двоумите, прво дискутирајте на страницата за разговор.
Кратенки:
ВП:ПУС
ВП:ПКС
Најважното од страницава: Бидете многу внимателни кога подигате слики заштитени со авторски права. На страницата за опис наполно наведете го изворот и информациите за авторски права. Сликите треба да бидат што покорисни и поупотребливи на други места.

Оваа страница е краток преглед на правилата (начелата) за слики што се однесуваат на форматот, содржината и авторските права.

Услови

[уреди извор]

Кога подигате слика, мора да ги задоволите следниве минимални услови.

  1. Секогаш ставајте лиценца. Ако не сте сигурни, не подигајте слики заштитени со авторски права.
  2. Секогаш на страницата за опис наведувајте од каде е сликата (изворот) и како ова може да се провери. Примери: оптички вчитајте (отскенирајте) хартиен примерок, наведете URL-адреса или име/прекар и начин на контактирање на фотографот. Ако сликата е екранска снимка, тогаш наведете што е прикажано на снимката (што поподробно). Не ставајте заслуги на самата слика.

Начелни правила

[уреди извор]

Подолу список на правила за употреба на сликите и подробно образложение за секое од нив.

  1. Опишувајте ја сликата и нејзиниот авторски правен статус на страницата за опис.
  2. Ставете јасен и подробен наслов (име). Ако веќе постои слика со такво име, вашата ќе ја замени постоечката.
  3. Подигајте верзии со висока резолуција кога тоа е возможно (освен ако сликата се користи за праведна употреба. Повеќе на Слики за праведна употреба), и намалете ја со автоматската минијатуризација. МедијаВики прифаќа слики до 100 МБ во големина. Не намалувајте ја сликата сами - во иднина ваквите слики може да бидат бескорисни.
  4. Скастрете ја сликата за да го потенцирате она што е релевантно.
  5. Ако направите слика што содржи текст, тогаш подигнете и верзија без никаков текст. Вака учесниците можат да ја преведат сликата на други јазици.
  6. Не користете само бои за претставување на информации - во многу ситуации тоа ќе биде недостапно.
  7. Користете JPEG-формат за фотографски слики и екрански снимки од ТВ и филмови; SVG-формат за икони, логоа, цртежи, карти, знамиња и сл; PNG-формат за екрански снимки на програми и кога има на располагање само растерска слика; GIF-формат за анимации; а Ogg/Theora за видеоснимки.
  8. Начелно, нема потреба од укажување на големина на сликата. Корисниците можат да си ја одберат саканата големина во нагодувањата.
  9. Не смеете да користите шокантни или срамотни слики чисто за да привлечете внимание кон статијата.

Ставање на слики

[уреди извор]

Пред да подигнете некоја слика, проверете дали се придржувате кон еден од следниве услови:

или

  • Сметате дека постои основа за праведна употреба на сликата и наведувате образложение за таа конкретна намена.

Сликите наменети само за некомерцијална употреба, добиени со дозвола или оние што ограничуваат изработката на изведени слики се несоодветни за Википедија и ќе бидат веднаш избришани, освен ако не се за праведна употреба.

Секогаш наведувајте го авторскиот правен статус на сликата на нејзината страница за опис со ознака, и наведете поединости за нејзиното потекло. Сите слики задолжително мора да имаат опис и ознака за лиценца. Оваа ознака е стандардна предлошка што укажува која лиценца ја има сликата. Во описот се наведуваат подробности во прилог на употребата на таа лиценца. Се препорачува во описот да стојат следниве нешта:

Опис: Што е прикажано на сликата
Извор: Праводржецот на сликата или URL-адреса на страницата од кајшто е преземена
Датум: Кога е создадена сликата (бидете што попрецизни).
Место: Каде е создадена (бидете што попрецизни).
Автор: Создавач на сликата, особено ако ова лице не е праводржец
Дозволи: Кое лице или кој закон/правило ви дозволува да ја ставите сликата на Википедија со дадената лиценца
Други верзии на податотеката: Изведени/изменети варијанти на сликата (ако ги има на Википедија)

Примери:

Како можете да наведете добар извор
Добар извор на слика е мрежната страница на интернет што ја содржи сликата ( http://www.navy.mil/view_single.asp?id=3097 ), а не директно страницата самата слика: ( http://www.navy.mil/management/photodb/webphoto/web_021028-N-3228G-006.jpg ).
Добар извор за слика од книга е да се наведат сите можни информации за книгата (автор, наслов, ISBN-број, страница/ци, година на авторското право, податоци за издавачот), а не само наслов и автор.
Добар извор за самоделна слика е исказот „ова е мое дело“, а не само да се стави ознака што вели дека е ваше дело (на пр. {{јас}} или {{јд-корисник}}).

Сопствени дела

[уреди извор]

Википедија им препорачува на корисниците да подигаат сопствени слики. Сите самоделни слики мора да се под слободна лиценца како ГЛСД (GFDL) и/или прифатлива лиценца од Криејтив комонс (Creative Commons) или да бидат предадени во јавна сопственост, со што се отстрануваат сите ограничувања од авторските права и лиценцирање. Кога лиценцирате слика, најдобро е делото да го лиценцирате двојно – истовремено ГЛСД и Криејтив комонс.

Ваквите слики вклучуваат фотографии кои самите сте ги направиле. Правата на нив му припаѓаат на фотографот, а не на сликаното лице. Просто прецртување на слика или дијаграм зашитен авторски права не носи ново авторско право—авторското право произлегува од „креативност“, а не од вложениот труд на творецот. Фотографиите на тридимензионални објекти речиси секогаш носат нови авторски права, иако друго лице и понатаму може да го има авторското право на прикажаниот предмет. Фотографии на дводимензионални предмети како уметнички слики во музеј најчесто не носат ново авторско право (погледајте го делот „Јавносопственички слики“).

Сликите на кои сте истакнати вие, пријателите или семејството за сметка на она е тема на сликата не се препорачуваат во статии, но можат да се ставаат во кориснички страници. Во статиите, овие слики се сметаат за себерекламирање и ваквите слики по правило се бришат.

Некои слики на нив имаат логоа со заштитени знаци и ваквите слики треба да се означат со {{заштитен знак}}.

Слободни лиценци

[уреди извор]

Постои список на лиценци кои се сметаат за „доволно слободни“ за употреба на Википедија. Тие се наведени на страницата Википедија:Лиценци за слики. Лиценците кои ја ограничуваат употребата само на некомерцијални и образовни цели или добиле дозвола да стојат само на Википедија, не се доволно слободни за намерите и целите на Википедија и ќе бидат избришани.[1]. На страницата Википедија:Извори на слободни слики ќе најдете список на места на од кајшто можете да преземете слободни слики. Накратко, медиумските податотеки на Википедија (со исклучок на оние за „праведна употреба“ опишани подолу) треба да бидат „слободни“ колку и самата содржина на Википедија—како за да се обезбеди правниот статус на Википедија, така и за да се обезбеди што повеќе преупотреба и пренамена на содржините на Википедија.

Ако некој извор не изјавува постоечка слободна лиценца, но сепак дозволува употреба на содржината под услови што се совпаѓаат со условите на таквата лиценца, тогаш изворот мора изразито да изјавува дека дозволува комерцијална употреба и вршење преработки. Ако нема таква изјава, тогаш се претпоставува дека изворот не дозволува таква употреба, освен ако не добиете потврда или дозвола од праводржецот.

Јавносопственички слики

[уреди извор]

Јавносопственичките слики (сликите во јавна сопственост) не се заштитени со авторски права, и затоа нивната употреба воопшто не е ограничена на ниеден начин. Страниците на Википедија (т.е. сите Википедии на сите јазици) домуваат на опслужувач во САД, па затоа јавносопственичкиот статус на сликите се определува според американското право.

Сликите можат да станат јавносопственички по одлука на нивниот создавач (кој самиот ги предал), ако не подлежат на авторски права или пак ако авторските права им се истечени. Во САД, авторските права се истечени на сите дела објавени пред 1 јануари 1923 г. Иако авторските права се истечени во САД и на многу други понови дела, правилата за одредување на истеченоста се сложени. Повеќе информации ќе најдете на страницата „Кога истекуваат авторските права?“.

Во САД, репродукцијата на дводимензионални јавносопственички дела не носи нови авторски права. Оптички вчитаните (скенирани) слики сами по себе не носат нови авторски права, туку само го добиваат истиот авторски правен статус на сликата што ја умножуваат. На пример, обична фотографија на сликата „Мона Лиза“ не подлежи на авторски права.

Ако сте прилично убедени дека некоја слика прави прекршок на авторски права, треба истата да ја поднесете за бришење. Погледајте во „Бришење на слики“ подолу. На пример, за бришење се поднесуваат слики без наведен авторски правен статус на нејзината страница.

Слики за праведна употреба

[уреди извор]

Во извесни случаи некои слики можат да се користат без дозвола од праводржецот ако се подобни за праведна употреба (fair use) во САД (но не и во највеќето други земји). Меѓутоа, бидејќи Википедија се стреми да биде енциклопедија со слободни содржини, не сите слики што ги задоволуваат условите за праведна употреба се сметаат за погодни.

Неовластената употреба на материјали заштитени со авторски права за кои погрешно се тврди дека се за праведна употреба претставува прекршок на авторско право и е противзаконски. Податотеките кои се погрешно означени за праведна употреба или очигледно кршат авторски права може да бидат веднаш избришани. Ако уредникот забележи поправливи грешки во ознаките или образложенијата за праведна употреба, тој треба да ги исправи, ако може. Доброволните исправки на вакви проблеми се мошне полезни за Википедија, иако постојат многу грешки што не можат да се поправат. Постојаното подигање на неслободни материјали кои не подлежат на праведна употреба може да доведе до блокирање на корисникот што ги подига.

Поподробни информации и прашања во поединечни случаи на страницата Википедија:Праведна употреба.

Поврзано:

Уредување на слики

[уреди извор]

Употребете ја страницата „Подигање на податотека“ за да ја замените сликата со изменетата верзија. Внимавајте името на новата слика да биде исто како на старата.

Кога претворате слика од еден во друг формат се менува и нејзинито име, бидејќи вака добивате друга податотечна наставка. Затоа новата слика ќе има сосем друга страница за опис. (имајте предвид дека со ова изворната слика во изворниот формат не се заменува автоматски на сите места кајшто се користи - тоа ќе мора да го направите рачно.)

Бришење на слики

[уреди извор]
  1. Контактирајте го корисникот што ја подигнал сликата (на неговата разговорна страница), и соопштете му го она што ве засега. Постои можност проблемот да се реши со разговор.
  2. Отстранете ја сликата од сите страници кајшто се користи (т.е. направете ја сираче).
  3. На страницата за опис на сликата ставете едно од следниве известувања
  4. Наведете ја сликата на едно од следниве места:
  5. Потоа податотеката ќе биде избришана по една седмица (вид. Правила за бришење.

Откако ќе ја проследите горенаведената постапка, за да ја избришете самата слика мора да бидете администратор. Ова се врши на копчето „Бриши“. Избришаните слики можат да се враќаат.

Наслови на слики и податотечни имиња

[уреди извор]

На сликите давајте им описни имиња. Ако имаме карта на Африка, тогаш логично е да ја именуваме како „Африка.png“, но на Википедија се користат повеќе разни карти на Африка, па затоа треба да се биде поконкретен, на пр. „Африка-политичка карта.вашииницијали.png“ или „Африка-политичка карта со црвени граници.png“. Пред да подигате, најпрвин проверете ги постоечките слики. Потоа одлучете дали сакате вашата слика да замени некоја постоечка (во секоја статија што ја користи) или пак да биде дополнителна слика. Во првиот случај дајте ѝ потполно исто име, а во друг случај некое друго соодветно име. во Одбегнувајте специјални знаци и предолги имиња, бидејќи ова може да им отежни на некои корисници кога сакаат да ја преземат сликата. Имајте на ум дека наставките разликуваат големи и мали букви - „Africa.PNG“ не се смета за исто што и „Africa.png“. Се препорачува користење на наставки со мали букви, за доследност.

Може да го искористите името и за различна слика, ако таа е замена за старата, но и ако подигате подобрена верзија на постоечката – на пр. поквалитетна слика или подобро намалени димензии. Потоа подигнете ја со истиот наслов (име) како старата. Вака читателите лесно ќе можат да ги споредат сликите и со ова се одбегнува потребата да се бришат слики и да се вршат измени во статиите. Меѓутоа ова не е возможно ако го смените форматот, бидејќи тој е дел од називот на сликата.

Поставување

[уреди извор]

Препораки за најпогодниот вики-код за слики ќе најдете на Википедија:Означување на слики. На страницата Википедија:Почетен курс (Слики) се наведени разни идеи за поставање на сликите.

Галерии

[уреди извор]

Сликите обично се поставаат во статии поединечно, покрај релевантниот текст. Меѓутоа на некои статии може да имаат и дел со галерија ако збирката на слики илустрира некој аспект на предметот што не може лесно или соодветно да се опише со текст или поединечни слики. Сликите во галеријата треба збирно да имаат енциклопедиска вредност и да го збогатуваат осознавањето на темата. Секоја од нив треба да има соодветен опис што се однесува на тематиката на статијата и на целата галерија, а самата галерија треба да има наслов (освен ако тематиката е јасна од самата статија). Сликите треба внимателно да се одберат, избегнувајќи слични и повторливи слики, освен ако не служат за споредување. Галериите треба да се изработени по истите начела како текстот на статиите - јасно, прецизно и интересно. Еве пример за добра употреба на галерии.

Меѓутоа, Википедија не е складиште на слики. Галеријата не е буниште за натрупување на слики во статии, и галериите со неповрзан збир на слики без јасен критериум треба да се преработат во согласност со текстот на статијата, или да се преместат на Ризницата. Потоа можете да додадете и врски до релевантната категорија на ризницата, вметнувајќи ги предлошките {{ризница-врска}} или {{рв}}.

Не се препорачуваат статии што се состојат главно или целосно од галерии, бидејќи за таа намена постои Ризницата. Статиите не смеат да бидат збирки од слики.

Имајте предвид дека не треба да се користат GIF-анимации за приказ на повеќе фотографии. Овој метод е непогоден за печатење и несоодветен за употреба на содржините (корисниците треба да чекаат да дојде на ред саканата слика, а покрај ова, вака не можат да зачувуваат поединечни слики).

Во галериите не смеат да стојат слики за праведна употреба, бидејќи нивниот статус зависи од нивната погодна употреба во статиите (како дел од критика или анализа). Повеќе ќе најдете на страницата Википедија:Праведна употреба.

Колажи и монтажи

[уреди извор]

Колажите и монтажите се поединечни слики кои илустрираат повеќе тесноповрзани појмувања по пат на внимателно преклпување и распоредување на составните слики. (пример за монтажа: „Податотека:Phoebian Explorers 2 PIA06118.jpg“) Сите составни слики на колажот или монтажата мора да имаат соодветни лиценци. Ова важи и за самиот колаж или монтажа во целина. И тука не треба да се користат слики за праведна употреба, бидејќи ова налага минимална употреба на поединечните слики. Ако колажот или монтажата може да се замени со галерија, тогаш треба да се користат галерии (ко исе полесни за одржување и прилагодување во зависност од потребите на корисниците).

Формат

[уреди извор]
  • Цртежите, иконите, политичките карти, знамињата и сл. е пожелно да бидат векторски слики во форматот SVG. Images with large, simple, and continuous blocks of color which are not available as SVG should be во форматот PNG.
  • Екранските снимки на програми треба да се во форматот PNG.
  • Фотографиите и оптички вчитаните слики треба да се во форматот JPEG.
  • Екранските снимки од ТВ-програми и филмови треба да се во форматот JPEG.
  • Анимациите треба да се во форматот GIF.
  • Видеоснимките треба да се во форматот Ogg/Theora.

Општо земено, ако имате добра слика што е во погрешен формат, претворете ја во правилниот формат пред да ја подигнете. Меѓутоа ако најдете карта, знаме итн. во JPEG-формат, претворете ја во PNG-формат ако со тоа можете да ја намалите податотечната големина.

Одбегнувајте често да менувате слики во JPEG-формат бидејќи сликата губи на квалитет со секоја измена и презачувување. Ако можете да најдете оригинал на фотографија во 16-битен или 24-битен PNG или TIFF формат, тогаш уредете (менувајте) ја неа, но зачувајте ја во JPEG-формат пред да ја подигнете. Постојат извесни измени (кастрење, вртење, пресликување) што можат да се изведат беззагубно користејќи jpegcrop (Windows) или Patched jpegtran (други).

Не користете слики што се мешавина од фотографски дел и икони.

Википедија има непосредна поддршка за SVG-податотеки уште од септември 2005 (вид. Поддршка за SVG-слики). SVG-сликата динамички се преобразува во PNG-формат при вметнување на сликата во дадена големина.

Големина на сликите

[уреди извор]

Големина на подигнатите слики

[уреди извор]

Подигнатите слики мора да бидат помали од 100 мегабајти (вид. на пр. Податотека:St Peter Salzburg panoramic view of interior fullsize.jpg за слика која е блиску до границата). Програмот МедијаВики што го користи Википедија автоматски ја прилагодува големината на сликите, така што ова не мора да го правите вие. Подигајте слики со висока резолуција - вака, содржините на Википедија можат да најдат широка примена како извор на печатени материјали. Големината на сликата менувајте ја со вики-код. Ако сликата е заштитена со авторски права и се користи како слика за праведна употреба, подигнатата слика мора да биде со што помала резолуција, а не да биде чиста замена за изворното дело - приказот и неговата употреба мора да се минимални за употребата да биде „праведна“.

Големина на прикажаните слики

[уреди извор]

Сликите поставени во текст треба да имаат опис со „минијатура“ во кодот. Сликите по основно се прикажуваат во големина од 220 пиксели во ширина (170 пиксели ако се користи можноста „исправено“), освен кај најавените корисници кои ја измениле основната големина во нивните кориснички нагодувања. Накратко, не им задавајте големина на сликите без добра причина: некои корисници имаат мали екрани и треба да менуваат поставки за да го зголемат текстот - ако поставите „наметнати“ големи слики, текстот ќе добие многу малку простор, и со тоа значително ќе го отежни читањето на текстот. Покрај ова, ако наметнете поголеми слики (на пр. 260п), вака всушност ќе ги смалите за корисниците што имаат наместено поголеми основни слики.

Анимирани слики

[уреди извор]

Анимираните GIF-слики понекогаш предизвикуваат проблеми при минијатуризација. Ако анимацијата е расипана или извитоперена при нејзино намалување, тогаш направете сите кадри да имаат иста големина.

Содржина

[уреди извор]
Содржината на сликите на Википедија дискутирајте ја на разговорната страница.

Сликите треба добро да ја прикажуваат нивната содржина (предметот на сликата треба да е јасен и во средина). Повеќе информации ќе најдете на страницата Википедија:Слики, кајшто се обработува подигањето, употребата, изборот и поставувањето на сликите.

Жигови, заслуги и извитоперувања

[уреди извор]

Слободните слики не смеат да имаат жиг, да се извитоперени, да имаат заслуги на самата слика, и сè друго што би можело да ѝ попречи на нивната слободна употреба, освен ако сликата е наменета како пример за жигосување, извитоперување и сл. и се користи во статија на таа тема. Исклучок од ова може да бидат историски слики каде заслугите и описот се нераздвоен дел од целиот состав. Сите заслуги и описи треба да стојат на страницата за опис на сликата. Покрај тоа, можете и да ги означите со {{жиг}}.

Права на приватност

[уреди извор]

Кога правите слики на препознатливи личности, нема потреба од нивна согласност ако правите обична фотографија на јавно место, но мора да добиете согласност ако личноста ја сликате на приватно место.

Поради очекуваната приваност, согласноста на фотографираното лице треба да се бара пред да ја подигнете сликата на препознатливата личност, без оглед на тоа дали лицето е именувано. Дури и во земји што немаат закон за приватност, морално сме задолжени да не подигаме слики што ја нарушуваат разумно очекуваната приватност на лицето. Ако подигате автопортрет, тогаш вашата согласност се претпоставува и за тоа не треба доказ.

Што е јавно, а што приватно место?

[уреди извор]

За потребите на овие правила, за приватно место се смета место кајшто лицето може разумно да очекува приватност, додека пак јавно место е место каде што тоа не се очекува.

Примери за приватен простор
  • Во нечие место на станување (вклучувајќи хотелски соби, шатори итн.)
  • Во тоалети и соблекувални
  • Во здравствени установи
  • Во приватна соба сместена во јавен угостителски или трговски објект (на пр. во ресторан, во хотелска соба)
  • Делови од објект кајшто јавноста нема пристап (а пр. приватна канцеларија)
Примери за јавен простор
  • На улица или тротоар
  • Лесно видлив надворешен дел од нечиј имот
  • Паркови и места за рекреација отворени за јавноста
  • Поголем настан кајшто многумина сликаат
  • Делови од објект достапни за јавноста (на пр. фоаје)

Правни работи

[уреди извор]

Постојат најразлични закони кои може да го засегаат фотографот, подигачот и/или Фондацијата Викимедија, вклучувајќи ги оние за клевета, права на личноста и права на приватност. Порди ова, комерцијалната употреба на овие слики може сепак да е неприфатлива без согласност на прикажаното лице.

Клеветата може да произлезе не само од прикажаното на самата слика, туку и од нејзиниот наслов при подигање или описот. Една слика на именувано непознато лице сама по себе не претставува проблем, но ако нејзиниот опис вели „Дилер на дрога“, ова се смета за клевета (барем во некои земји).

Морални работи

[уреди извор]

Не сите законито направени фотографии на лица се прифатливи. Следниве видови слики се сметаат за неприфатливи:

  • Оние кои неправедно омаловажуваат или исмеваат лицето
  • Оние кои се направени или стекнати на неправеден начин
  • Оние кои неразумно упаѓаат во приватниот или семејниот живот на лицето

Овие категории се предмет на пристојност, а не законитост. Изразени се во зборовите на Универзалната декларација за човековите права, Член 12: „ Никoj нема да биде излoжен на прoизволнo вмешувaње во негoвиoт привaтен и семеeн живот, домoт или препискaтa, ниту пaк на напaди врз негoвaтa чест и углед. Секoj имa прaво на прaвна заштитa од тaквотo вмешувaње или напaди.

Во која мера една фотографија е неправедна или наметлива зависи од карактерот на сликата – дали е направена на приватно или јавно место, насловот/описот, и типот на предметот (на пр. славна личност или обичен човек). Фотографија на славна личност на јавно место фатена во незгодна положба е прифатлива за јавноста, но ако станува збор за обичен човек, сликата може да не е прифатлива, зависно од тоа што е сликано и начинот на кој тоа е прикажано.

Примери

[уреди извор]
Обично не треба согласност на прикажаното лице
  • Уличен изведувач за време на изведба
  • Непознато лице на јавно место, особено во поголема толпа луѓе
  • Лица на голема приватна забава кајшто се очекува фотографирање
  • Кошаркар на натпревар отворен за јавноста
Само со согласност на прикажаното лице
  • Препознатливо дете, насловено како „Дебело девојче“ (потенцијално понижувачки или омаловажувачки)
  • Лица на приватна забава кајшто не е дозволено или не се очекува фотографирање (неразумен упад без согласност)
  • Слики со голотија, долна облека или костими за капење, освен ако се очигледно направени на јавно место (неразумен упад без согласност)
  • Слики на некое лице на приватно место направени оддалеку, со долгосежен објектив (неразумен упад)

Алтернативи

[уреди извор]

Ако за некоја слика ви треба дозвола, а не можете да ја добиете, тогаш постојат и други можности. Можете да ги заматите или пикселирате препознатливите делови од телото, или пак да направите слика од друг агол, за да не се гледа лицето на човекот.

Историја на статии

[уреди извор]

Старите верзии на статиите не прикажуваат стари верзии на сликите во нив, освен ако не се променети нивните имиња.

Слободни и отворени програми

[уреди извор]

На уредниците им се препорачуваат следниве слободни и отворени програмски пакети за работа со слики и други медиуми:

Прелистување на слики од Википедија

[уреди извор]

(Предупредување: Могу од овие слики подлежат на авторски рпава. Проверете го нивниот статус и, ако треба, побарајте дозвола пред да ги употребите на друго место.)

Список на сите слики (подредливо по датум на подигање, име, големина и подигач.)

Поврзано

[уреди извор]


  翻译: