Прејди на содржината

Викивидови

Од Википедија — слободната енциклопедија
Викивидови
Wikispecies
Логото на Викивидови
Дел од главната страница на Викивидови.
Екранска снимка на почетната страница на Викивидови на 7 декември 2008 г.
Вид место
Именик на видови
СопственикФондација Викимедија
СоздавачБенедикт Мандл (предложил во 2004); Џими Велс и заедницата на Викимедија
Адресаspecies.wikimedia.org
КомерцијалноНе
ЗачленувањеПо избор

Викивидови (анг. Wikispecies) — семрежен проект на основа на вики со поддршка од Фондацијата Викимедија. Има за цел да создаде опширен слободен каталог на сите видови и е наменет пред сè за научници наместо за пошироката јавност. Џими Велс, почесен претседател на Фондацијата Викимедија, изјавил дека уредниците не мора да ги поднесуваат нивните дипломи, но дека придонесите треба прво да поминат стручен преглед.[1][2] Викивидовите се лиценцирани со ГНУ-овата лиценца за слободна документација и CC-BY-SA 3.0.

Проектот е започнат во август 2004 г. со покана за учество до биолози ширум светот,[3] и досега има прераснато во поголем систем врз основа на Линеевата таксономија со врски до статии за поединечни видови Википедија, воспоставени во април 2005 г.[2]

На 10 октомври 2006 г., проектот надминал 75.000 статии, а на 20 мај 2007 г. надминал 100.000 статии со вкупно 5.495 регистрирани корисници. на 8 септември 2008 г. Викивидовите броеле 150.000 статии и вкупно 9.224 регистрирани корисници.

На 23 октомври 2011 г., достигната е бројката од 300.000 статии.

Викивидовите имаат оневозможено локални подигања и наложува употреба на слики исклучиво од Заедничката Ризница. Не се дозволува употреба на содржини кои не се слободно лиценцирани.

Поврзано

[уреди | уреди извор]
  1. „Повик за сите таксономи“ (PDF). Science. 307 (5712): 1021. 2005. doi:10.1126/science.307.5712.1021a. (англиски)
  2. 2,0 2,1 „Викивидови“. American Scientist Online. 25 април 2005. (англиски)
  3. Марк Пеплоу (2005). „Списокот на видови достигна половина милион“. Nature. doi:10.1038/news050314-6. (англиски)

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]
  翻译: