About us

"Vitaminka" is fully privatized company, a process completed in 1999. The dominant package of shares is held by small group of employees of the company. Shares concentration process continues. The world increasingly recognizes us by our slogan "The World of Tastes", the production program with a broad range of tastes (sweet and salty, and sour and hot), appetizers and after meal product programs, food seasonings, desserts, snack products, production program for all ages, and our basic strategy is to continue spreading more and confirm all this in wider group of customers throughout the world. "Vitaminka" has no separate groups of products specially designed for domestic and for foreign markets. The production quality is equal regardless of the target market. The key strategy of the company is increasing presence on the world markets with its overall product program which strategy from year to year gives more and more highly positive results. We are small as company, but great for knowledge, with numerous and objective wishes and also persistence for continuous improvment and constant expansion on markets worldwide.

Industry
Food Production
Company size
501-1,000 employees
Headquarters
Prilep
Type
Public Company
Founded
1956

Locations

Employees at Vitaminka A.D.

Updates

  • View organization page for Vitaminka A.D., graphic

    5,574 followers

    🥇 Стоби Флипс е најпрепознатлив бренд за 2024 година во категорија флипсови, а Брилијант во категорија сончогледово масло. Агенцијата за истражување и консалтинг Инсајдер ИД спроведе истражување „Најпознати брендови во 2024 година“ со што ги доби најпознатите брендови во државата според мислењето на потрошувачите. Целта на истражувањето е да се дефинираат позициите на брендовите согласно перцепцијата на потрошувачите и покажа дека Стоби Флипс ужива препознатливост од 86%, а Брилијант од 43%. ➡️ Во првата категорија, брендот Стоби Флипс остварува речиси изедначено учество со претходната година меѓутоа се уште го има највисокото учество во споредба со сите останати категории. Во позицијата на Брилијант, се забележува намалување на учеството за 6% во споредба со 2023 година. Четврта година по ред откако започна истражувањето на Агенцијата за истражување и консалтинг Инсајдер ИД, двата бренда на Витаминка се истакнуваат со најголема препознатливост. ➡️ Истражувањето е спроведено на репрезентативен примерок од 1 200 активни потрошувачи на територија на целата држава со користење на персонални интервјуа. Анализирани се вкупно 16 категории на производи, за кои што потрошувачите одговараа на прашањето кој е според нив најпознатиот бренд во одредена категоријата. 

    • No alternative text description for this image
    • No alternative text description for this image
  • View organization page for Vitaminka A.D., graphic

    5,574 followers

    Започнавме со караван во предучилишните установи за едукација за основните општествени вредности. Во повеќе од 80 предучилишни установи преку музичка претстава, интерактивна игра и забава најмладите ќе ги запознаваат овие вредности и ќе се едуцираат за емпатија, другарство, разбирање, почит на другиот и ценење на различностите. Преку овие активности, Витаминка се надева дека ќе го поттикне позитивниот развој на децата и ќе придонесе кон создавање на посветла иднина за сите. Повеќе информации: https://lnkd.in/dSx7bQQM

    • No alternative text description for this image
    • No alternative text description for this image
    • No alternative text description for this image
    • No alternative text description for this image
    • No alternative text description for this image
  • View organization page for Vitaminka A.D., graphic

    5,574 followers

    ➡️ Денеска, на 31 октомври се одржува 10 FMCG Summit во хотел Александар Палас. И оваа година нѐ очекува одлична програма со локални и регионални говорници на теми кои го засегаат малопродажниот сектор. Oд продажба и преговарање, преку дигитализација и категориите производи и PL, до AI трендови и B2B комуникациски техники – годинешните говорници ги споделуваат искуствата и стратегиите за успешно делување во современиот бизнис амбиент. Дел од програмата ја вклучува и панел дискусијата посветена на законот за нефер трговски практики во синџирот на снабдување, каде се разгледаат важни аспекти и предизвици со кои се соочуваме. На годинешниот саем Витаминка учествува со присуство на нашите колеги Душица Неделкоска - маркетинг и ПР координатор, Душко Попски - регионален менаџер по продажба и Ангелчо Патоски - бренд менаџер. Витаминка ја има честа да биде долгогодишен партнер на ИнСторе и Кликер маркетинг организатор на FMCG Summit за што на јубилејното, 10то издание ни беше врачена благодарница како признание за дадената поддршка и успешно партнерство. 🤝

    • No alternative text description for this image
    • No alternative text description for this image
    • No alternative text description for this image
  • View organization page for Vitaminka A.D., graphic

    5,574 followers

    Чоколадните морски школки Атлантис добија розово издание со што дел од продажбата ќе биде наменет за пациентките со рак на дојка. Со облекувањето на Атлантис во розово, Витаминка ги помага жените кои се соочуваат со болеста и воедно влијае на зголемување на јавната свест за можноста од превенирање на болеста. Вклучувањето во борбата против ракот на дојка, компанијата го прави заедно со Здружението за иницијативи за развој во здравството, подобрување на здравствените сервиси и застапување на пациенти ЕЗРА, каде ќе бидат донирани средствата наменети за заболените. Истите ќе бидат употребени за нивните потреби на патот во справување со болеста. Витаминка преку розовиот Атлантис што се појавува во продажба неклку години во овој период, ги поддржува активностите на здружението и упатува апел до сите жени за поголема самосвест и редовни прегледи. ➡️ „Со ваквиот начин на поддршка што секоја година ја даваме, Атлантис стана симбол на борбата на жените кои се соочуваат со оваа болест. Подигањето на свеста за ова заболување е можеби единствениот начин за борбата против заболувањето, но за сите оние кои се соочуваат со болеста и започнуваат со лекување, потребно е да знаат дека имаат поддршка и дека не се сами во борбата против болеста”, велат од Витаминка. Розовиот Атлантис е веќе достапен во продажба.

    • No alternative text description for this image
  • View organization page for Vitaminka A.D., graphic

    5,574 followers

    ➡️ На 22-23 октомври 2024 година во хотелот Александар Палас се одржа Digiton Конференцијата 2024. Овој дводневен настан ги собра водечките индустриски лидери, иноватори и ентузијасти за технологија за да ги истражат најновите достигнувања во Microsoft технологиите, деловните апликации, вештачката интелигенција и Power Platform. Витаминка имаше прилика да биде дел од настанот со присуство на нашите колеги Васко Наумоски ИТ менаџер, Филип Кузманоски ИТ администратор и Бранимир Димков, Шеф на сметководство.

    • No alternative text description for this image
    • No alternative text description for this image
  • View organization page for Vitaminka A.D., graphic

    5,574 followers

    ➡ На 07.10.24, се одржа Sales конгресот во Белград на кој учествуваа 70 панелисти кои го споделија своите искуства и најдобри пракси. Посебен фокус беше ставен на дигиталната револуција во продажбата и вештините кои ги карактеризираат најдобрите директори на продажба. Oд Витаминка присутни беа Владимир Трпаноски, директор на Продажен сектор 1-РМ, Петар Стојкоски, Директор на Продажен сектор 2-Србија, Љупчо Велески, Директор на Продажен сектор 3-Останат свет и Илија Наумоски, Помошник оперативен директор.

    • No alternative text description for this image
    • No alternative text description for this image
    • No alternative text description for this image
    • No alternative text description for this image
    • No alternative text description for this image
      +1
  • View organization page for Vitaminka A.D., graphic

    5,574 followers

    ➡️ На 8 октомври во Белград, Србија се одржа 11тото советување за храна, исхрана и здравје организирано од IHIS NUTRICIONIZAM, Белград, Србија. На истото учествуваа стручни лица од прехранбените индустрии од Балканот, претставници од медицински, фармацевтски и технолошко-металуршки факултет, градски завој за јавно здравје на Србија, гранична санитарна инспекција, министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство. Витаминка имаше прилика да биде дел од настанот со присуство на нашите колеги Олга Ристеска, Координатор за обезбедување квалитет, Ангела Талеска, Технолог за храна во Оддел за развој на производи и пакување и Ангела Тоневска Шеф на Оддел за развој на производи и пакувања.

    • No alternative text description for this image
    • No alternative text description for this image
  • View organization page for Vitaminka A.D., graphic

    5,574 followers

    Се одржа Wizz Air маратонот, а Витаминка беше дел од него! 🏃♀️ 11 вработени во нашата компанија зедоа учество во овој традиционален маратон. Бевме дел од големата позитивна енергија што го опфати градот. Wizz Air маратонот е навистина убав и интересен предизвик. Атмосферата беше неверојатна, а поддршката од луѓето што нè бодреа беше голема. Витаминка е секогаш таму каде што се случуваат добрите нешта. 😊

    • No alternative text description for this image
    • No alternative text description for this image
  • View organization page for Vitaminka A.D., graphic

    5,574 followers

    ➡️ Во периодот од 2 и 3 октомври, се одржа конгресот European Hygienic Engineering & Design Group (EHEDG) на тема Постигнување хигиенска извонредност преку дизајн во Нант, Франција. Витаминка имаше прилика да биде дел од овогодинешниот конгрес со присуството на нашите колеги Олга Ристеска, Координатор за обезбедување квалитет, Жарко Качаков, Директор на Развој и Гордана Тошеска, Технолог за развој. Програмата EHEDG Congress 2024 се фокусира на иновациите и најдобрите практики во хигиенскиот дизајн во прехранбената индустрија. Ги опфаќа клучните теми како што се најновите трендови во безбедноста на храната, одржливите практики и интеграцијата на новите технологии во производните процеси. Сесиите имаа за цел да ги појаснат регулаторните барања и да покажат студии на случај кои истакнуваат ефективни хигиенски инженерски решенија. Дополнителната можност за вмрежување исто така ја поттикна соработката меѓу професионалците во индустријата. ➡️ "Постигнување хигиенска извонредност преку дизајн" ја нагласува важноста од интегрирање на хигиенските размислувања во процесот на дизајнирање на опремата и капацитетите за преработка на храна. Фокусот е на создавање системи кои спречуваат контаминација, ја подобруваат ефикасноста на чистењето и се усогласени со индустриските регулативи. Со приоритет на хигиенскиот дизајн од на почетокот, производителите можат да ја подобрат безбедноста на храната, да ги намалат ризиците и да обезбедат усогласеност, што на крајот ќе доведе до производи со повисок квалитет и поголема доверба кај потрошувачите.

    • No alternative text description for this image
    • No alternative text description for this image
    • No alternative text description for this image
    • No alternative text description for this image
    • No alternative text description for this image
      +1

Similar pages

Browse jobs

Funding